СПРЕМНИ СМЕ НА КОМПРОМИСИ ОКОЛУ КОСОВО, КАЖА СРПСКИОТ ПРЕМИЕР ВУЧЕВИЌ ПРЕД СРЕДБАТА ВУЧИЌ-КУРТИ

    СПРЕМНИ СМЕ НА КОМПРОМИСИ ОКОЛУ КОСОВО, КАЖА СРПСКИОТ ПРЕМИЕР ВУЧЕВИЌ ПРЕД СРЕДБАТА ВУЧИЌ-КУРТИВучевиќ кажа дека ниедна страна не треба да биде апсолутен победник или апсолутен губитник (Фото: Танјуг)

    Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека Србија е спремна да направи компромис околу Косово, но така што ниедна страна нема да биде апсолутен победник или апсолутен губитник.

    Спремни сме за договори и компромиси, но компромиси кои значат дека ниедна страна не е апсолутен победник или апсолутен губитник“, изјави Вучевиќ за агенцијата АФП.

    Дијалогот што Србија и Косово го водат за нормализација на односите од 2011 година е во застој. Најавено е дека Александар Вучиќ и Албин Курти денеска ќе се сретнат во Брисел на нова рунда разговори, што ќе биде нивна прва средба од септември минатата година. Тие тогаш разговараа за примена на Договорот за нормализација на односите, но оттогаш ништо не се промени и дури се случи сериозен инцидент кога десетина дена подоцна група вооружени Срби ја нападна косовската полиција во селото Бањска на северот на Косово.

    Вучиќ и Курти прво ќе имаат одвоени состаноци со посредникот на ЕУ, а потоа треба да има трилатерална средба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира