СРБИЈА КУПУВА 12 БОРБЕНИ АВИОНИ „РАФАЛ“ ОД ФРАНЦИЈА ЗА 2,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

    СРБИЈА КУПУВА 12 БОРБЕНИ АВИОНИ „РАФАЛ“ ОД ФРАНЦИЈА ЗА 2,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРАПосетата на Макрон се сфаќа како стратегија за доближување на Србија кон ЕУ (Фото: АП)

    Србија ќе купи 12 борбени авиони „рафал“ од Франција, објави претседателот Александар Вучиќ. Зделката вредна 2,7 милијарди евра беше склучена при дводневната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Србија, за која француски функционери кажаа дека е стратегија за доближување на Србија кон Европска Унија.

    „Договорот го вклучува и комплетниот помошен логистички пакет, од резервни мотори до други работи. Вкупната вредност на договорот изнесува 2,7 милијарди евра. Тоа се 12 сосема нови авиони во сопственост на Република Србија. Тоа е огромна вест за нас, зашто ќе придонесе за значајно зголемување на способностите на нашата армија“, изјави Вучиќ.

    Макрон го опиша договорот како историски и важен и додаде дека ја покажува стратешката храброст на Србија.

    „На Европска Унија ѝ треба силна и демократска Србија на своја страна, а на Србија ѝ треба силна, суверена Европа за да ги брани своите интереси. Местото на Србија е во ЕУ и нејзината улога е да биде пример за целиот регион“, изјави Макрон.

    Русија досега беше традиционалниот снабдувач на Србија со воени авиони и Вучиќ го опиша купувањето на „рафали“ како голем напредок.

    Србија размислуваше да купи нови авиони „рафал“ повеќе од две години откако соседната Хрватска набави 12 авиони од ист тип за околу една милијарда евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира