СРБИЈА ОД ОКТОМВРИ ЌЕ ЈА ПРОИЗВЕДУВА И КИНЕСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

    СРБИЈА ОД ОКТОМВРИ ЌЕ ЈА ПРОИЗВЕДУВА И КИНЕСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19Во Белград пристигна првата пратка со суровини потребни за производство на кинеската вакцина (Фото: Танјуг)

    Србија следниот месец ќе почне да ја произведува кинеската вакцина против ковид-19 и се очекува до крајот на годината компанијата „Хемофарм“ да произведе шест милиони дози.

    Министерот за здравство Златибор Лончар на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ја пречека првата пратка со суровини потребни за производство на кинеската вакцина. На 9 септември ќе почне изградбата на фабрика за производство на овие вакцини.

    „Очекуваме фабриката да биде довршена во првиот квартал на следната година. Месечно ќе се произведуваат три милиони дози“, кажа Лончар.

    По пробното производство во октомври, ќе почне и регуларното производство.

    „Тие дози ќе бидат наменети првенствено за граѓаните на Србија, а ако има вишок, ќе се извезуваат во земјите од регионот“, додаде Лончар.

    Србија претходно стана прва држава во Европа во која се произведува руската вакцина „спутник“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира