СРБИТЕ ГИ БОЈКОТИРААТ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО, ИЗЛЕЗНОСТА САМО 2,4%

    СРБИТЕ ГИ БОЈКОТИРААТ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО, ИЗЛЕЗНОСТА САМО 2,4%Место во училиштата, се гласа во мобилни куќарки на 13 локации (Фото: Танјуг)

    Србите ги бојкотираат денешните локални избори во северно Косово во знак на протест што не се исполнети нивните барања за поголема автономија, што покажува дека неодамна потпишаниот договор помеѓу Белград и Приштина не функционира. Главната политичка партија на косовските Срби, Српска листа, во петокот ја повика српската заедница да не излегува на гласање.

    Освен ретки исклучоци, Србите ги бојкотираат изборите“, изјави функционер од централната изборна комисија.

    Србија и косовските Срби бараат формирање на заедница на српските општини, во согласност со десет години стариот договор со косовската влада.

    Поради страв од можни насилства, централната изборна комисија одлучи место во училиштата да се гласа во мобилни куќарки на 13 локации, додека покрај нив патролираат НАТО војници од Италија и Летонија.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека само неколкумина Срби излегле да гласаат во четирите општини.

    Денеска се одржуваат избори за окупацискиот управител на северот на Косово. Сакаат да воспостават власт на оние кои не можат да добијат ни 1-2% гласови и за тоа бараат согласност од нас. Но, Србите никого не слушаат и не служат на ничии интереси“, изјави Вучиќ.

    Вонредните локални избори се одржуваат во Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Косовска Митровица. Изборите поминуваат мирно, но до 15 часот излезноста била само 2,4%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира