СРЕДЕ СНИМАЊЕ ВО ВЕНЕЦИЈА ПОЧИНА АСИСТЕНТОТ-РЕЖИСЕР НА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

    СРЕДЕ СНИМАЊЕ ВО ВЕНЕЦИЈА ПОЧИНА АСИСТЕНТОТ-РЕЖИСЕР НА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“Петтата сезона на „Емили во Париз“ треба да излезе на крајот на годинава. (Фото: Нетфликс)

    Асистентот-режисер на хит-серијата „Емили во Париз“, Диего Борела (47), почина откако ненадејно се онесвести за време на снимањето на петтата сезона во Венеција.

    „Со длабоко жалење ја потврдуваме ненадејната смрт на член на продуцентското семејство на ‘Емили во Париз’, изјави портпаролот на студиото „Парамаунт“, кое ја продуцира серијата за „Нетфликс“.

    „Република“ објави дека Борела починал на 21 август околу 19 часот, откако се онесвестил пред колегите додека се подготвувале да снимаат сцена. Тој бил ангажиран како трет асистент-режисер. Медицинската екипа на серијата се обидела да му помогне на Борела, но тој починал на лице место. Според „Варајети“ снимањето на „Емили во Париз“ прекинало по несреќата и продоложило вчера.

    Романтичната комедија „Емили во Париз“ првпат се појави на екраните за време на ковид пандемијата во 2020. Лили Колинс ја игра американската маркетинг-директорка Емили Купер, која од САД се сели да работи во фирма во Париз. Во четвртата сезона, која излезе во 2024, Емили се сели во Рим за да отвори нова канцеларија.

    Петтата сезона треба да излезе на крајот на годинава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира