СРПСКИ НАТПРЕВАРУВАЧ СЕ УДАВИ ЗА ВРЕМЕ НА КРОСФИТ ИГРИТЕ ВО ТЕКСАС

    СРПСКИ НАТПРЕВАРУВАЧ СЕ УДАВИ ЗА ВРЕМЕ НА КРОСФИТ ИГРИТЕ ВО ТЕКСАСНесреќата се случи во езерото Марин Крик (Фото: АП)

    Српскиот натпреварувач Лазар Ѓукиќ почина за време на пливачкиот дел на КросФит игрите во Тексас. Претставник на противпожарниот оддел на Форт Ворт изјави дека биле повикани да ѝ помогнат на полицијата откако еден натпреварувач подолго време не бил виден во езерото Марин Крик.

    „Телото на мажот е пронајдено еден час подоцна“, кажа тој.

    Починатиот спортист е идентификуван како 28-годишниот Лазар Ѓукиќ од Србија. Според неговата биографија на сајтот на КросФит, тој бил треторангиран натпреварувач во својата земја и 88. на светската ранг-листа. Завршил на деветтото место на своето деби на Игрите во 2021, следната сезона бил осми, а лани бил деветти.

    КросФит игри е годишно натпреварување кое комбинира повеќе вежби и спортови, како пливање, кревање товар и велосипедизам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира