СРПСКИ ВОЈНИК ЗАГИНА ВО ЛИБАН ОТКАКО ПРОЕКТИЛ ПОГОДИЛ БАЗА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    СРПСКИ ВОЈНИК ЗАГИНА ВО ЛИБАН ОТКАКО ПРОЕКТИЛ ПОГОДИЛ БАЗА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИВо нападот биле ранети уште двајца мировници на ОН (Фото: АП)

    Припадник на српската војска загина во Либан, каде што бил ангажиран во составот на мировните сили на Обединетите нации. Српското министерство за одбрана објави дека постариот водник Милован Јовановиќ утрово им подлегнал на повредите откако проектил погодил база на ОН.

    „На Јовановиќ му била дадена итна лекарска помош во болницата во рамките на базата, а потоа со хеликоптер бил превезен во универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што утрово починал“, соопшти министерството за одбрана.

    Се додава дека во нападот биле ранети уште двајца мировници на ОН, државјани на Ел Салвадор и Шпанија.

    Јовановиќ за два дена требаше да наполни 37 години. Тој бил на служба во Либан од јануари оваа година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира