СРПСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ МАСАКРОТ ВО ШКОЛОТО ВО БЕЛГРАД

    СРПСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ МАСАКРОТ ВО ШКОЛОТО ВО БЕЛГРАДМинистерот Ружиќ вели дека премиерката знаела оти понудил оставка веднаш на денот на трагедијата. (Фото: ТАНЈУГ)

    Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ денеска ѝ поднел неотповиклива оставка на премиерката на Србија Ана Брнабиќ, соопшти за ТАНЈУГ Министерството за образование. Остаката ја дава по страшниот масакр во белградската населба Врачар на 4 мај, кога во основното училиште „Владислав Рибникар“ 14-годишен ученик застрела 8 деца и член на обезбедувањето.

    „Во молкот на тридневната национална жалост, како одговорен и воспитан човек, професионалец во вршењето на сите досегашни јавни должности, како родител и граѓанин на Република Србија, која секогаш ми е на прво место, и согласно член 23 од Законот за Влада, во овие околности донесов рационална и чесна одлука. Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата министер за образование во Владата на Република Србија“, изјави Ружиќ во писмо испратено до премиерката Ана Брнабиќ.

    Во писмото тој додава дека премиерката знаела за фактот дека понудил оставка веднаш на денот на трагедијата. Тој додаде дека „драматичните слики од настаните од училиштето, солзите пролеани при изразување на сочувство до неутешните родители на повредените деца“ ќе останат во душата доживотно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира