СРПСКИОТ НОВИНАР ВЛАДАН РАДОСАВЉЕВИЌ ПОЧИНА ОТКАКО БИЛ ИСКАСАН ОД КУЧИЊА

    СРПСКИОТ НОВИНАР ВЛАДАН РАДОСАВЉЕВИЌ ПОЧИНА ОТКАКО БИЛ ИСКАСАН ОД КУЧИЊАРадосављевиќ бил нападнат од три кучиња, а тешко е повредена и неговата сопруга (Фото: Н1)

    Српскиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ почина откако бил искасан од кучиња во селото Велика Иванча кај Младеновац. Во нападот била повредена и неговата сопруга Олга, која се обидела да му помогне и се наоѓа во тешка состојба.

    Како што јавуваат српските медиуми, кучињата носеле плочки со телефонските броеви на сопствениците и излегле од двор низ отворена капија. Две од кучињата биле од расата стафорд.

    Владан Радосављевиќ е роден во Белград во 1960 и со новинарството почнал да се занимава во средина на 1980-ите. Бил новинар во некогашното радио „Студио Б“ и директор на програмата во првата независна телевизија „НТВ Студио Б“. Бил еден од основачите на продукциската група „Мрежа“ и директор на белградскиот Медија центар. Остана запаметен и како водител на првиот ТВ-дуел на претседателските кандидати на изборите во 2002 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира