СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОДОБРИ УРИВАЊЕТО НА ЗГРАДАТА НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО БЕЛГРАД, КАДЕ ШТО ЗЕТОТ НА ТРАМП САКА ДА ГРАДИ ХОТЕЛ

    СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОДОБРИ УРИВАЊЕТО НА ЗГРАДАТА НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО БЕЛГРАД, КАДЕ ШТО ЗЕТОТ НА ТРАМП САКА ДА ГРАДИ ХОТЕЛАлександар Вучиќ го поддржа проектот, и покрај протестите и правните пречки (Фото: Шатерсток)

    Српскиот парламент усвои закон со кој се отвора можност за реализација на контроверзен градежен проект во Белград предводен од Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп.

    Неговата фирма „Афинити партнерс“ сака да гради луксузен хотел и станбен комплекс на местото на некогашниот генералштаб на југословенската војска, кој беше бомбардиран од НАТО за време на воената интервенција во 1999. Иако уништена и напуштена оттогаш, зградата во центарот на градот има симболично значење за Србите.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ го поддржа проектот, и покрај протестите и правните пречки. Минатата година, српската влада го укина заштитениот статус на зградата и ја даде под 99-годишен закуп на Кушнер, кој планира развоен проект вреден 500 милиони долари.

    Важно е да се надмине товарот од 1999 година. Подготвени сме да изградиме подобри односи со САД и мислам дека тоа е исклучително важно за оваа земја“, кажа Вучиќ во јуни.

    Процесот беше во застој до вчера, кога партијата на Вучиќ предложи специјално гласање за расчистување на локацијата, кое помина во парламентот. Опозицијата кажа дека одлуката е неуставна и криминална.

    Обележјето на градот ќе биде заменето со казина и џакузи“, рече опозицискиот пратеник Александар Јовановиќ.

    Според српските медиуми, Трамп уште пред да стане претседател размислувал да гради хотел во Белград. Кушнер во март изјави дека претходно не бил запознат со неговите намери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира