СТАМПЕДО НА АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА ПАКИСТАНСКА ВИЗА ВО АВГАНИСТАН, НАЈМАЛКУ 11 МРТВИ

    СТАМПЕДО НА АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА ПАКИСТАНСКА ВИЗА ВО АВГАНИСТАН, НАЈМАЛКУ 11 МРТВИИлјадници луѓе се собрале на стадионот на Џалалабад откако Пакистан по седум месеци повторно почна да одобрува визи (Фото: Ројтерс)

    Најмалку 11 жени загинаа во стампедо на стадион во Авганистан, каде што луѓето аплицирале за виза.

    Властите кажаа дека инцидентот во Џалалабад се случил откако илјадници луѓе се собрале за да бараат дозвола за влез во Пакистан. Тие биле пренасочувани кон стадионот место да аплицираат на вообичаеното место во центарот на градот.

    Пакистан го обнови аплицирањето за виза откако беше прекинато седум месеци поради пандемијата на коронавирусот.

    „Масата излезе од контрола, што доведе до стампедо“, изјави официјално лице од Џалалбад.

    Голем број Авганистанци годишно патуваат во Пакистан, каде што посетуваат роднини, одат на лекување или бараат работа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира