СТЈУАРД ЗАГИНА СПАСУВАЈЌИ ГИ ПАТНИЦИТЕ ОД ЗАПАЛЕНИОТ АВИОН НА МОСКОВСКИОТ АЕРОДРОМ

    СТЈУАРД ЗАГИНА СПАСУВАЈЌИ ГИ ПАТНИЦИТЕ ОД ЗАПАЛЕНИОТ АВИОН НА МОСКОВСКИОТ АЕРОДРОМ33 патници и четири члена на екипажот се спасени од авионот (Фото: Гети)

    Стјуард во авионот на руската компанија „Аерофлот“ што вчера изгоре на московскиот аеродром „Шереметјево“ загина помагајќи им на патниците да излезат низ вратата на опашката од авионот, објави новинската агенција „Тасс“.

    Авион од типот „сухои суперџет-100“ се запали на пистата откако мораше итно да слета набргу да полетувањето. Според последните информации, има 41 загинат, додека 37 патници и членови на екипажот се спасени.

    Меѓу загинатите е и стјуардот Максим Мојсеев, кој, според сведоците, не сакал да го напушти авионот додека не излегол и последниот патник.

    Патниците беа евакуирани со помош на тобоганот за итни случаи. Стјуардот Максим Мојсеев беше со патниците кои седеле во задниот дел од авионот и се обидуваше да ја отвори вратата за итни случаи. Откако не успеал, тој им помагал на патниците безбедно да излезат“, изјави извор од компанијата.

    Авионот кој требало да лета за Мурманск побарал итно да се врати назад, пријавувајќи технички проблеми. Бидејќи го изгубил контактот со контролната кула, авионот слетал со полни резервоари, запалувајќи се откако неколку пати потскокнал од пистата. Првичните информации кажуваа дека авионот се запалил уште во лет.

    Има 37 преживеани, 33 патници и четири члена на екипажот. Вистинско чудо е како некој воопшто преживеал“, изјави Јелена Марковскаја, официјално лице вклучено во истрагата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира