СТОП ЗА КРВАВИТЕ КОШУЛИ – ПРОТЕСТ НА СРПСКАТА ОПОЗИЦИЈА ВО БЕЛГРАД

    СТОП ЗА КРВАВИТЕ КОШУЛИ – ПРОТЕСТ НА СРПСКАТА ОПОЗИЦИЈА ВО БЕЛГРАДСо слоганот „Стоп за крвавите кошули“, демонстрантите маршираа да го осудат нападот на Борко Стефановиќ, лидер на малата партија Српска левица. (Фото: Ројтерс)

    Илјадници луѓе маршираа мирно во центарот на Белград на синоќешниот протест поради нападот на опозициски политичар и со барања за промена на политиката на претседателот Александар Вучиќ и неговата владејачка Српска напредна партија.

    Со слоганот „Стоп за крвавите кошули“, демонстрантите маршираа да го осудат нападот на Борко Стефановиќ, лидер на малата партија Српска левица. Стефановиќ беше нападнат од група луѓе облечени во црно на 23 ноември во Крушевац и претрпе мали повреди откако беше удиран со метална шипка.

    Вучиќ кажа дека напаѓачите на Стефановиќ биле уапсени набрзо по инцидентот, но опозицијата останува на тврдењето дека неговата партија е вмешана во нападот.

    „Борбата мора да се води со гласно урлање против оваа одвратна, лигава власт“, кажа на протестот актерот и активист Бранислав Трифуновиќ.

    Опозициските активисти велат дека Вучиќ е автократ и дека неговата Српска напредна партија е корумпирана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира