СТОТИНА ЛИДЕРИ ДОАЃААТ ВО ШВАЈЦАРИЈА ЗА МИРОВЕН САМИТ ЗА УКРАИНА, РУСИЈА НЕ Е ПОКАНЕТА

    СТОТИНА ЛИДЕРИ ДОАЃААТ ВО ШВАЈЦАРИЈА ЗА МИРОВЕН САМИТ ЗА УКРАИНА, РУСИЈА НЕ Е ПОКАНЕТАНа самитот ќе се дискутира за планот со десет точки предложен од Украина (Фото: ЕПА)

    Стотина лидери од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Азија и Блиски Исток ќе се соберат во Швајцарија денеска за еден од најамбициозните обиди да се направи мировен план за Украина и да се притисне Русија да ја заврши војната. Сепак, Русија и нејзините моќни сојузници како Кина нема да учествуваат, што би можело да го ублажи можното влијание на дводневниот самит, кој се одржува во луксузен ресорт близу Луцерн.

    На самитот ќе се дискутира за планот со десет точки предложен од Украина и за нејзините хуманитарни потреби. Владимир Путин вчера го опиша самитот како фарса и ги изложи своите услови за крај на војната, кои вклучуваат откажување на Украина од аспирациите за членство во НАТО и нејзино целосно повлекување од четирите региони кои Русија нелегално ги анектираше во 2022.

    Иако никој не очекува дека самитот ќе придонесе за постигнување траен мир во Украина, тој се смета за дипломатски успех на Володимир Зеленски, чија цел е да се изгради широка меѓународна поддршка за неговиот мировен план, кој предвидува повлекување на руските трупи од Украина и враќање на нејзините граници од 1991 година. Зеленски изврши притисок врз Кина да учествува на самитот, но доби негативен одговор поради самото тоа што Русија не е поканета.

    Меѓу најавените учесници се потпретседателката на САД, Камала Харис и лидерите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија, Канада и Јапонија, а се очекува да дојдат и претставници на Индија, Саудиска Арабија, Турција и Унгарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира