Стотици луѓе се евакуирани од плажи и хотели во Грција, додека пожарникарите се борат со десетици пожари низ земјата.
Околу 700 пожарникари биле ангажирани во текот на викендот, откако пожарите се проширија благодарение на силните ветрови и топлиот и сушен период. Најтешка е ситуацијата на островот Самос, кадешто властите биле принудени да ги евакуираат гостите од неколку хотели. Висок ризик од пожари е прогласен за регионите на Пелопонез и Крит.
Грчката агенција АНА објави дека од популарните плажи на источниот дел на Самос вчера биле евакуирани над 1.000 туристи и локални жители. Тие со спасувачки бротчиња биле превезени до градот Питагорео и сместени во локалната спортска сала. Пожарот во најголема мера бил ставен под контрола денеска, објави градоначалникот на Питагорео.
Во последните 24 часа, низ Грција избувнале повеќе од 50 пожари.