СТОТИЦИ ЛУЃЕ ПРОТЕСТИРАА ВО ГЕРМАНИЈА ПРОТИВ НАСТАПОТ НА ОПЕРСКАТА ПЕЈАЧКА АНА НЕТРЕБКО

    СТОТИЦИ ЛУЃЕ ПРОТЕСТИРАА ВО ГЕРМАНИЈА ПРОТИВ НАСТАПОТ НА ОПЕРСКАТА ПЕЈАЧКА АНА НЕТРЕБКОНетребко беше критикувана поради нејзината поддршка за Путин околу руската инвазија на Украина (Фото: Фејсбук)

    Неколку стотици луѓе протестираа против настапот на руската оперска пејачка Ана Нетребко во близина на Франкфурт, соопшти полицијата. Околу 400 демонстранти се собраа на мирен протест кај Државниот театар на Хесен во Визбаден, западно од Франкфурт.

    Нетребко, која има и австриско државјанство. беше критикувана поради нејзината поддршка за Путин околу руската инвазија на Украина.

    Таа наиде на протести и за време на настапот на Мајскиот фестивал во Визбаден минатата година. Пред неколку дена, по притисокот од локалната власт, беше откажан концертот во швајцарскиот град Луцерн поради планираното учество на Нетребко.

    Нејзиниот менаџмент тврди дека Нетребко јавно ја критикуваше војната во Украина. Пејачката оттогаш повторно ја канат на меѓународната сцена, вклучувајќи настапи во Државната опера во Берлин во септември и Оперскиот бал во Виена во февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира