СТОТИЦИ ПЕНЗИОНИРАНИ АМЕРИКАНСКИ ВОЕНИ ЛИЦА РАБОТЕЛЕ ЗА ДРУГИ ЗЕМЈИ, НАЈМНОГУ НА БЛИСКИ ИСТОК, ОТКРИ „ВАШИНГТОН ПОСТ“

    СТОТИЦИ ПЕНЗИОНИРАНИ АМЕРИКАНСКИ ВОЕНИ ЛИЦА РАБОТЕЛЕ ЗА ДРУГИ ЗЕМЈИ, НАЈМНОГУ НА БЛИСКИ ИСТОК, ОТКРИ „ВАШИНГТОН ПОСТ“Петнаесетмина американски генерали и адмирали работеле директно за саудискиот принц Мохамед бин Салман (Фото: Гети)

    Стотици ветерани на американската војска, вклучувајќи генерали и други високи офицери, го наплатувале своето искуство работејќи за други држави, покажа истражување спроведено од непрофитната организација Project on Government Oversight и весникот „Вашингтон пост“. Најголем дел од нив работеле во земји од Блиски Исток, каде што американската војска беше вмешана во низа војни во изминатите децении.

    Американското присуство во Обединетите Арапски Емирати, држава која не е позната по почитувањето на човекови права, било толку значајно, што „Вашингтон пост“ го опиша како „воена машина управувана од Американци“. Пензионираниот генерал Џим Матис таму служел како воен советник во 2015, пред да се врати во Вашингтон како министер за одбрана.

    Петнаесетмина американски генерали и адмирали работеле директно за саудискиот принц и министер за одбрана Мохамед бин Салман, кој почна брутална војна во Јемен. Меѓу оние кои биле ангажирани е и Вилијам Коен, кој беше министер за одбрана во времето на Бил Клинтон.

    Некои офицери преговарале ангажмани со странски влади уште додека биле во активна служба, а други работеле во земји каде што биле стационирани“, пишува весникот.

    Документите откриваат дека ветерани на американската војска добиле одобрение да работат во најмалку 50 држави, што ги вклучува и Сингапур, Велика Британија, Индонезија, Грузија, Џибути и Австралија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира