СТОТИЦИ РУСИ ГО ИСПРАЌААТ ГОРБАЧОВ, НО НЕМА ДА ИМА ДРЖАВЕН ПОГРЕБ

    СТОТИЦИ РУСИ ГО ИСПРАЌААТ ГОРБАЧОВ, НО НЕМА ДА ИМА ДРЖАВЕН ПОГРЕБОтворениот ковчег со телото на Горбачов е изложен во Салата на столбови близу Кремљ (Фото: АП)

    Стотици Руси дојдоа да го испратат Михаил Горбачов пред да биде погребан подоцна денеска, но тој стана првиот советски лидер од Никита Хрушчов во 1971 кој не добил официјален државен погреб.

    Ова стана јасно откако Кремљ објави дека Владимир Путин нема да присуствуна на погребот зашто бил презафатен. Место тоа, рускиот претседател завчера му оддаде почит на Горбачов во Централната клиничка болница во Москва, каде што тој почина во вторникот на 91 година.

    Отворениот ковчег со телото на Горбачов е изложен во импозантната Сала на столбови близу Кремљ, каде што биле испратени и Ленин, Сталин и Брежњев.

    Овие луѓе овдека дојдоа да кажат: ‘Ви благодариме господине Горбачов! Ни дадовте шанса, но ние ја изгубивме таа шанса‘“, изјави либералниот политичар Григори Јавлински.

    Иако Горбачов помогна да се стави крај на Студената војна, за што доби Нобелова награда за мир во 1990, многумина Руси го обвинуваат за реформите кои доведоа до економски хаос и до распадот на Советскиот Сојуз.

    Во 2005, Путин изјави дека распадот на СССР била најголемата геополитичка катастрофа на 20. век. Познато е дека тој и Горбачов не биле во добри односи и последен пат се сретнале во 2006.

    Горбачов неодамна изјави дека не е среќен со руската инвазија на Украина, иако во 2014 ја поддржа анексијата на Крим. Тој ќе биде погребан на московските гробишта Новодевичи покрај сопругата Раиса, која почина во 1999.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира