СТРАНЦИТЕ БЕГААТ ОД СУДАН ПОРАДИ БОРБИТЕ ЗА ПРЕВЛАСТ, СЕ ЗАСИЛУВА ХУМАНИТАРНАТА КРИЗА

    СТРАНЦИТЕ БЕГААТ ОД СУДАН ПОРАДИ БОРБИТЕ ЗА ПРЕВЛАСТ, СЕ ЗАСИЛУВА ХУМАНИТАРНАТА КРИЗАСе повеќе држави ги евакуираат своите граѓани од Картум (Фото: Гети)

    Европските нации, Кина и други држави брзаат да евакуираат илјадници свои граѓани од главниот град на Судан, Картум, за време на привремено затишје во жестоките борби помеѓу регуларната војска и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ). Насилствата ненадејно избија на 15 април и досега загинале над 400 луѓе, додека САД предупредија дека се јавува недостиг на лекови, храна и вода.

    По САД, и Велика Британија вчера ги евакуираше своите дипломати од Судан, а Франција и Германија кажаа дека извлекле вкупно 700 луѓе, без да ја наведат нивната националност. Неколку држави испратија воени авиони од Џибути за да помогнат во евакуациите, а други слични операции се одвиваат преку Порт Судан на брегот на Црвеното Море, оддалечен 800 километри од Картум.

    Кина, Либан, Индонезија, Данска, Холандија, Швајцарија, Шведска и Србија се меѓу земјите кои објавија дека евакуирале свои државјани од Судан, додека ваква мисија подготвува и Јапонија.

    Од почетокот на борбите за превласт, борбени авиони го бомбардираа Картум, а артилерискиот оган го направи движењето низ градот небезбедно. Цел на нападите беа и дипломатски претставништва, а загинале најмалку петмина хуманитарни работници. Двете завојувани страни не го почитуваа привременото примирје.

    Армијата и РСФ заеднички извршија пуч во 2021, но потоа не успеаја да постигнат договор за интегрирањето на двете групи и за формирањето на цивилна влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира