СУДОТ ВО ДОЊЕЦК ОСУДИ НА СМРТ ДВАЈЦА БРИТАНЦИ И МАРОКАНЕЦ ЗАРОБЕНИ ВО УКРАИНА

    СУДОТ ВО ДОЊЕЦК ОСУДИ НА СМРТ ДВАЈЦА БРИТАНЦИ И МАРОКАНЕЦ ЗАРОБЕНИ ВО УКРАИНАЕјден Ејлин, Шон Пинер и Саудун Брахим беа обвинети дека се платеници (Фото: Телеграм)

    Двајца Британци и еден Мароканец кои беа заробени од руските сили во Украина се осудени на смрт, објави руската новинска агенција „РИА новости“. На Британците Ејден Ејлин (28) и Шон Пинер (48) и на мароканскиот државјанин Саудун Брахим им се судеше во судот на Народната Република Доњецк, кој не е меѓународно признат.

    Тројцата беа обвинети дека се платеници откако беа заробени во Мариупол, иако семејствата на двајцата Британци тврдат дека тие пред четири години се преселиле во Украина и се бореле во редовите на регуларната украинска војска.

    Ејлин и Пинер служеле во украинските вооружени сили и Велика Британија соопшти дека треба да се третираат како воени заробеници, со што имаат имунитет и не треба да им се суди.

    Шон ја сметаше Украина за своја втора татковина. Таму ја запозна и својата идна сопруга и беше посветен на хуманитарната работа. Неговиот тригодишен договор со војската требаше да истече на крајот на годината“, кажаа од неговото семејство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира