СВЕТОТ ЌЕ ПОТРОШИ 157 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА КОВИД ВАКЦИНИ ДО 2025

    СВЕТОТ ЌЕ ПОТРОШИ 157 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА КОВИД ВАКЦИНИ ДО 2025Првиот бран на имунизацијата треба да опфати 70% од светската популација до крајот на 2022 (Фото: СДК.МК)

    Вкупната глобална потрошувачка на ковид вакцини се очекува да достигне 157 милијарди долари до 2025 година, што ги вклучува актуелните програми за масовна имунизација и дополнителното вакцинирање што ќе следи, објави американската компанија за здравствени податоци „IQVIA Holdings“.

    Според нејзини анализи, првиот бран на имунизацијата против ковид-19 ќе опфати околу 70% од светската популација до крајот на 2022 година. Дополнителното вакцинирање веројатно ќе следува на секои две години, прогноза заснована врз сегашните податоци за времетраењето на ефектот на вакцините.

    САД се подготвуваат за можноста дека дополнителното вакцинирање ќе биде потребно меѓу девет и 12 месеци по првата целосна имунизација, објави Белата куќа овој месец, а со слични предвидувања излезе и „Фајзер“.

    Трошењето на вакцини треба да биде најголемо оваа година и да изнесува околу 54 милијарди долари, што ќе падне на 11 милијарди во 2025.

    Вакво трошење на вакцини и лекови е незабележано во историјата, а најблиску до ова е сумата од 130 милијарди долари, колку што биле платени за новите лекови против хепатит Ц меѓу 2014 и 2020.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира