Танзанија доби три нови електрични воза со вкупно 27 вагони, кои ќе можат да возат со максимална брзина од 160 километри на час. Електричните локомотиви се произведени од „Хјундаи Ротем“, а вагоните се кинески.
Државните железници на Танзанија (ТРЦ) го почнаа проектот во 2017 со намера да се модернизира железничкиот сообраќај во земјата. Првата и втората фаза од реконструкцијата покриваат 722 километри пруги. Постојат планови и за проширување на линиите кон Бурунди, Руанда и Конго.
„Досега ни се испорачани четири од планираните 17 локомотиви. Првата од нив веќе помина низ серија тестирања“, изјави директорот на ТРЦ, Мачибја Шива.
Тој додаде дека Танзанија оваа година ќе добие десет модерни електрични воза.