Телата на 74 мигранти и бегалци беа исфрлени на брегот во северниот град на Либија, Зауија, соопшти либискaта Црвена полумесечина.
Мохамед ал-Мисрати, портпаролот на Црвената полумесечина во Либија, рече дека телата биле пронајдени на медитеранското крајбрежје утринава.
Мисрати додаде дека причините за потонувањето остануваат нејасни. Хуманитарната агенција на својата страница на Твитер објави фотографии на тела во бели и црни вреќи, наредени на брегот.
Мисрати рече дека локалните власти ќе ги однесат телата на гробиштата за неидентификувани лица во Триполи.
Смртните случаи на мигрантите на патот за шверц Либија-Италија преку Медитеранското море е на рекордно ниво.