Тереза Меј изјави дека планира да почне нови преговори за начинот на излегување на Велика Британија од Европска Унија, што треба да се случи на 29 март. Таа во текот на денот телефонски ќе разговара со неколкумина лидери на Унијата, за да се утврди идната насока на спроведувањето на брегзит.
Европската Унија претходно соопшти дека нема да прави измени во текстот договорен со британската премиерка, но таа му рекла на својот кабинет дека ќе побара измени во контроверзниот договор за границата со Северна Ирска, таканаречениот бекстоп. Досегашните големи противници на брегзит дале ветување дека ќе го поддржат остатокот од договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ доколку бидат прифатени овие измени.
Бекстоп треба да осигура дека во иднина нема да има контроли на нововоспоставената граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска, која со брегзит би излегла од Европска Унија.
Британскиот парламент денеска ќе гласа за седум амандмани, со кои треба да се измени планот на Меј за брегзит, кој беше одбиен со огромна разлика во гласови на 15 јануари.