Поранешниот американски претседател Џими Картер реши да прима домашна нега и да го помине преостанатото време од животот со семејството, место во болница, објави центарот „Картер“.
„Тој има полна поддршка од семејството и лекарскиот тим и бара приватност во ова време“, кажаа од центарот.
Деведесет и осумгодишниот Картер ја донесол оваа одлука по неколку кратки престои во болница. Во изминатите години, тој се бореше со неколку здравствени проблеми, вклучувајќи меланом, кој му се проширил на црниот дроб и мозокот.
Картер стана 39. претседател на САД кога го победи Џералд Форд на изборите во 1976 година и служеше само еден мандат, по што беше поразен од Роналд Реган.