„ТЕСЛА САЈБЕРТРАК“ НАПОЛНЕТ СО ПИРОТЕХНИКА ЕКСПЛОДИРАШЕ ПРЕД ХОТЕЛОТ „ТРАМП“ ВО ЛАС ВЕГАС, ВОЗАЧОТ ЗАГИНА

    „ТЕСЛА САЈБЕРТРАК“ НАПОЛНЕТ СО ПИРОТЕХНИКА ЕКСПЛОДИРАШЕ ПРЕД ХОТЕЛОТ „ТРАМП“ ВО ЛАС ВЕГАС, ВОЗАЧОТ ЗАГИНА

    Полицијата отвори истрага откако камионет „тесла сајбертрак“ наполнет со канистри за гориво и пиротехника експлодираше пред хотелот „Трамп“ во Лас Вегас. Возачот загина и седум луѓе се полесно повредени, кажа полицијата.

    Камионетот бил изнајмен во Колорадо и пристигнал во градот во средата наутро, помалку од два часа пред детонацијата. Бил паркиран пред влезот на хотелот кога почнал да чади, а потоа експлодирал“, објави полицијата.

    Во своето синоќешно обраќање, Џо Бајден кажа дека Белата куќа го следи инцидентот, а властите истражуваат дали можеби има поврзаност со вчерашниот напад во Њу Орлеанс, во кој загинаа 15 луѓе.

    Полицијата на Лас Вегас објави драматични снимки од експлозијата. Камионетот мирно стои паркиран пред влезот на хотелот и по неколку секунди експлодира, по што огномети во разни бои летаат на сите страни.

    Властите знаат кој го изнајмил камионетот преку апликација во Колорадо, но нема да го објават неговото име додека истражителите не утврдат дали е тоа истата личност која починала“, изјави шерифот на Лас Вегас, Кевин Мекмахил.

    Шефот на „Тесла“, Илон Маск, кажа дека експлозијата не е поврзана со самото возило, туку со пиротехника или бомба што била во него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира