ТЕТОВЕЦОТ РЕНЕ РЕЏЕПИ ГО НАПУШТА СВОЈОТ СВЕТСКИ ПОЗНАТ РЕСТОРАН „НОМА“ ПОРАДИ ОБВИНУВАЊА ЗА ЗЛОСТАВУВАЊЕ ВРАБОТЕНИ

    ТЕТОВЕЦОТ РЕНЕ РЕЏЕПИ ГО НАПУШТА СВОЈОТ СВЕТСКИ ПОЗНАТ РЕСТОРАН „НОМА“ ПОРАДИ ОБВИНУВАЊА ЗА ЗЛОСТАВУВАЊЕ ВРАБОТЕНИ„Нома“ на Реџепи беше прогласуван за најдобар ресторан на светот во 2010, 2011, 2012, 2014 и 2021 (Фото: Њујорк тајмс)

    Тетовецот Рене Реџепи се повлече од улогата главен готвач во светски познатиот ресторан „Нома“ во Копенхаген поради обвинувања за злоставување. Реџепи ја објави својата одлука на социјалните мрежи.

    По повеќе од две децении градење и водење на овој ресторан, решив да се повлечам и да им дозволам на нашите извонредни лидери да го водат ресторанот во неговото следно поглавје“, кажа Реџепи.

    Поранешни вработени го обвинија готвачот за создавање токсична работна средина, вклучувајќи вербално и физичко злоставување.

    Луксузниот ресторан се подготвуваше за редовен престој во Лос Анџелес, но корпоративните спонзори се повлекоа по тврдењата за злоставување и протестите пред неговата привремена локација.

    Извинувањето не е доволно, јас ја преземам одговорноста за моите постапки. За секој што се прашува што значи ова за ресторанот, дозволете ми јасно да кажам: тимот на ‘Нома‘ денес е посилен и поинспиративен од кога било. Отворени сме 23 години и неверојатно сум горд на нашите луѓе, нашата креативност и на насоката во која се движи ‘Нома‘“, кажа Реџепи.

    Тој додаде дека тимот ќе продолжи со својата работа во Лос Анџелес без него.

    Реџепи (48) е роден во Копенхаген и има потекло од тетовското село Џепчиште. Од отворањето во 2003, „Нома“ беше прогласуван за најдобар ресторан на светот во 2010, 2011, 2012, 2014 и во 2021 година и стана поим за меѓународна луксузна кујна, во кој мени чини околу 500 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира