ТОА НЕ БЕШЕ ПРИЈАТЕЛСКА ПОСЕТА, КАЖА АВСТРИСКИОТ КАНЦЕЛАР НЕХАМЕР ОТКАКО СЕ СРЕТНА СО ПУТИН ВО РУСИЈА

    ТОА НЕ БЕШЕ ПРИЈАТЕЛСКА ПОСЕТА, КАЖА АВСТРИСКИОТ КАНЦЕЛАР НЕХАМЕР ОТКАКО СЕ СРЕТНА СО ПУТИН ВО РУСИЈАНехамер во саботата се сретна и со Зеленски во Киев (Фото: Твитер)

    Австрискиот канцелар Карл Нехамер имал „директни, отворени и тешки разговори“ со Владимир Путин откако денеска стана првиот лидер од ЕУ кој ја посетил Русија од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари. Неговата посета предизвика измешани чувства во Европа, како изненадување, скептицизам и осуда.

    „Ова не беше пријателска посета. Најважната порака што му ја пренесов на Путин е дека војната во Украина мора да заврши зашто во војна има само губитници“, кажа Нехамер.

    Австриските медиуми објавија дека средбата се одржала во резиденцијата на Путин во Ново-Огарјово близу Москва и дека траела час и половина. Нехамер во саботата ја посети и Украина со цел да му изрази политичка поддршка на Киев.

    Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг претходно кажа дека Нехамер сакал лично да му каже на Путин дека тој ја изолира Русија и дека војната е голема грешка.

    Иако одржуваше поблиски врски со Русија од повеќето држави од ЕУ, Австрија ги осуди инвазијата и руските воени злосторства во Украина и протера руски дипломати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира