ТРАЕКТ ПОТОНА ВО МОСУЛ ДОДЕКА ОДЕЛ НА ПРОСЛАВА НА КУРДСКАТА НОВА ГОДИНА, НАЈМАЛКУ 70 ЗАГИНАТИ

    ТРАЕКТ ПОТОНА ВО МОСУЛ ДОДЕКА ОДЕЛ НА ПРОСЛАВА НА КУРДСКАТА НОВА ГОДИНА, НАЈМАЛКУ 70 ЗАГИНАТИПовеќето од стоте патници не знаеле да пливаат (Фото: АП)

    Повеќе од 70 луѓе загинаа откако потона траект во реката Тигрис во ирачкиот град Мосул. Властите кажаа дека повеќето од стоте патници што биле на траектот не знаеле да пливаат.

    Траектот се движел кон туристички остров, каде што требало да се одржи прослава на Курдската нова година.

    „Наредив истрага за да се утврди одговорноста“, изјави премиерот Адел Абдул Мади, додавајќи дека досега се спасени 12 луѓе.

    Властите претходно предупредија дека нивото на водата е покачено бидејќи се отворени портите на браната во Мосул, што наводно било игнорирано од организаторот на патувањето.

    Островот Ум Рабаен е популарна туристичка област, што се наоѓа четири километри северно од центарот на Мосул.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира