ТРАМП БАРА 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОТШТЕТА ОД „ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ“ И РУПЕРТ МАРДОК ПОРАДИ ТЕКСТОТ ЗА ЕПСТИН

    ТРАМП БАРА 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОТШТЕТА ОД „ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ“ И РУПЕРТ МАРДОК ПОРАДИ ТЕКСТОТ ЗА ЕПСТИНПортпаролот на „Дау Џонс“, сопственикот на „Волстрит џурнал“, изјави дека компанијата стои зад точноста на своето известување. - Доналд Трамп (Фото: АП)

    Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба вредна 10 милијарди долари против „Дау Џонс“, компанијата во чија сопственост е весникот „Волстрит џурнал“, и нејзиниот сопственик Руперт Мардок. Причина за тужбата е наводна клевета и кршење на законите за клевета поради напис во кој се тврди дека Трамп му испратил „непристојна“ порака на сексуалниот престапник Џефри Епстин.

    Според весникот, Трамп му испратил роденденска честитка на покојниот финансиер во 2003 година, за неговиот 50. роденден, пред Епстин да биде обвинет за сексуални злосторства. Трамп тврди дека пораката е „лажна“.

    „Штотуку поднесовме моќна тужба против сите вклучени во објавувањето на лажниот, злонамерен, клеветнички напис во бескорисниот партал, каков што е ‘Волстрит џурнал’“, објави Трамп на социјалните мрежи.

    Тој додаде дека весникот и Мардок, со кого има децениски променлив однос, биле предупредени дека ќе бидат тужени доколку го објават текстот.

    Портпаролот на „Дау Џонс“ изјави дека компанијата стои зад точноста на своето известување.

    „Имаме целосна доверба во темелноста и точноста на нашето известување и енергично ќе се браниме од каква било тужба“, се вели во соопштението.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира