ТРАМП БАРА ОТШТЕТА ОД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ХАРВАРД

    ТРАМП БАРА ОТШТЕТА ОД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ХАРВАРДХарвард беше централна мета во кампањата на Белата куќа за искоренување на „воук“ и „радикално левичарска“ идеологија во американските кампуси. (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека ќе бара отштета од милијарда долари од Универзитетот Харвард во продолжението на неговиот спор со престижната установа.

    Ова следува откако „Њујорк тајмс“ објави дека администрацијата на Трамп морала да го повлече своето барање за исплата на 200 милиони долари во преговорите со универзитетот. Трамп го обвини Харвард дека „го хранел весникот со глупости“.

    Трамп го обвинуваше Харвард дека не презел доволно мерки за справување со антисемитизмот за време на пропалестинските протести што се одржуваа поради војната во Газа. Харвард беше централна мета во кампањата на Белата куќа за искоренување на „воук“ и „радикално левичарска“ идеологија во американските кампуси.

    Во април минатата година, Трамп поништи заеми за научни истражувања од околу две милијарди долари и ги замрзна федералните средства за Харвард. Универзитетот потоа ја тужеше владата.

    Пред последната објава на Трамп, владата разговараше со Харвард за можен договор за одмрзнување на федералното финансирање.

    „Сега бараме отштета од една милијарда долари и не сакаме ништо да имаме со Универзитетот Харвард во иднина“, рече Трамп.

    Тој го обвини Харвард за „сериозни и гнасни незаконски дејствија“, но не разјасни како го прекршил законот.

    Универзитетите Колумбија, Пен и Браун претходно постигнаа договор со Трамп за да го зачуваат финансирањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира