ТРАМП Е ПРВИОТ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА МИР НА ФИФА

    ТРАМП Е ПРВИОТ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА МИР НА ФИФАТрамп ја прими наградата во пресрет на ждрепката на групите од Светското фудбалско првенство 2026 (Фото: АП)

    Доналд Трамп е првиот добитник на Наградата за мир на ФИФА, востановена пред неколку месеци од нејзиниот претседател Џани Инфантино. Трамп ја прими наградата на церемонијата во центарот „Кенеди“ во Вашингтон, во пресрет на ждрепката на групите од Светското фудбалско првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

    Ова е навистина една од најголемите почести во мојот живот. Спасивме милиони животи. На пример, во Конго умреа 10 милиони луѓе, за многу брзо време ќе умреа уште толку. Исто ќе беше во Индија и Пакистан. Запревме некои војни уште пред да почнат. Светот денес е побезбедно место“, кажа Трамп, по што му оддаде признание на Инфантино, со кого има добри односи.

    Џани заврши извонредна работа, постави нов рекорд во продажба на билети. Бројките се над сите очекувања“.

    Трамп постојано се фали дека завршил неколку војни откако се врати во Белата куќа и беше критичен кон Нобеловиот комитет што не му ја дава Нобеловата награда за мир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира