ТРАМП ГИ ПРИТИСКА СРБИЈА И ДРУГИТЕ БАЛКАНСКИ ДРЖАВИ ДА ПРИМАТ ДЕПОРТИРАНИ МИГРАНТИ ОД САД, ОБЈАВИ „БЛУМБЕРГ“

    ТРАМП ГИ ПРИТИСКА СРБИЈА И ДРУГИТЕ БАЛКАНСКИ ДРЖАВИ ДА ПРИМАТ ДЕПОРТИРАНИ МИГРАНТИ ОД САД, ОБЈАВИ „БЛУМБЕРГ“Владата на Трамп бара странски влади спремни да прифатат депортирани мигранти (Фото: Гети)

    Владата на Доналд Трамп ги притиска Србија и другите балкански држави да примат мигранти депортирани од САД, објави „Блумберг“. Барањето до земјите од овој регион било дел од пошироката американска стратегија да се најдат странски влади спремни да прифатат депортирани мигранти.

    „Блумберг“ не наведува кои други балкански држави се во прашање.

    Белата куќа, Стејт департментот и министерството за надворешни работи на Србија досега не ги коментираа овие наводи.

    Минатиот месец, Врховниот суд на САД ѝ дозволи на владата на Трамп да го отповика привремениот правен статус на илјадници мигранти од Венецуела, Куба, Хаити и Никарагва кои живеат во САД. Владата сега бара можни дестинации каде би можеле да бидат депортирани мигрантите, објави „Блумберг“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира