ТРАМП ГО ЧЕКА НОВО АПСЕЊЕ ОТКАКО БЕШЕ ОБВИНЕТ ЗА НЕЗАКОНСКО ПОСЕДУВАЊЕ ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИ

    ТРАМП ГО ЧЕКА НОВО АПСЕЊЕ ОТКАКО БЕШЕ ОБВИНЕТ ЗА НЕЗАКОНСКО ПОСЕДУВАЊЕ ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИОва е првпат против еден поранешен претседател да бидат подигнати федерални обвиненија (Фото: АП)

    Доналд Трамп го очекуваат ново апсење и појавување во суд откако против него беа поднесени обвиненија за ракување со доверливи документи по напуштањето на Белата куќа. Трамп, кој одново се кандидираше за претседател на САД, се соочува со седум обвиненија, меѓу кои и за неовластено задржување доверливи документи, објавија американските медиуми. Обвиненијата засега не се објавени јавно.

    Ова е првпат против еден поранешен претседател да бидат подигнати федерални обвиненија. Сепак, правните експерти велат дека ова нема да влијае врз кандидатурата на 76-годишниот Трамп.

    Тој на својата социјална мрежа напиша дека е невин и дека го повикале да се појави во федерален суд во Мајами во вторник, кога ќе биде и уапсен.

    Никогаш не сум мислел дека е можно вакво нешто да му се случи на поранешен претседател на САД. Ова е мрачен ден за историјата на Америка. Ние како земја сме во сериозен и брз пад, но заедно можеме повторно да ја направиме Америка голема“, кажа Трамп.

    Неговиот адвокат Џим Трасти изјави за Си-Ен-Ен дека Трамп, меѓу другото, се товари за заговор, давање лажни изјави, попречување на правдата и за незаконско поседување доверливи документи.

    Ова следува откако ФБИ лани изврши претрес во домот на Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида, кога биле запленети 10.000 документи, од кои 100 биле означени како доверливи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира