ТРАМП ГО ИМЕНУВАШЕ РАДИКАЛНИОТ ЏОН БОЛТОН ЗА НОВ СОВЕТНИК ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ

    ТРАМП ГО ИМЕНУВАШЕ РАДИКАЛНИОТ ЏОН БОЛТОН ЗА НОВ СОВЕТНИК ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТДоналд Трамп е четвртиот претседател во чија администрација ќе служи Џон Болтон (Фото: Гети)

    Доналд Трамп го разреши советникот за национална безбедност, генералот Мекмастер, и на негово место го постави поранешниот амбасадор во Обединетите нации, Џон Болтон.

    Трамп на Твитер му се заблагодари на Мекмастер и напиша дека „тој завршил неверојатна работа и секогаш ќе остане негов пријател“.

    Болтон, кој ја застапуваше идејата да се нападнат и Северна Кореја и Иран, кажа дека неговото назначување ќе му даде на Трамп голем број опции. Тој е третиот советник за национална безбедност на Трамп во последните 14 месеци.

    Мекмастер е последната голема промена во таборот на Трамп, кој минатата недела го отпушти и државниот секретар Рекс Тилерсон, заменувајќи го со шефот на ЦИА, Мајк Помпео.

    Болтон ќе ја преземе функцијата на 9 април, бидејќи за негово именување не треба потврда од Сенатот.

    Шеесет и деветгодишниот Болтон служеше во администрациите на Роналд Реган, Џорџ Буш и на неговиот син и е познат по својот порадикален пристап во надворешната политика. Тој помогна да се изгради случајот околу Садам Хусеин, што доведе до инвазија на Ирак, а се залага и за воена опција против Северна Кореја и Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира