ТРАМП ГО ОБВИНИ ОБАМА ЗА ПРЕДАВСТВО И КАЖА ДЕКА Е ВРЕМЕ НЕГОВИТЕ ПОЛИТИЧКИ НЕПРИЈАТЕЛИ ДА ОДГОВАРААТ

    ТРАМП ГО ОБВИНИ ОБАМА ЗА ПРЕДАВСТВО И КАЖА ДЕКА Е ВРЕМЕ НЕГОВИТЕ ПОЛИТИЧКИ НЕПРИЈАТЕЛИ ДА ОДГОВАРААТТрамп обвини некогашни високи функционери за нелегален заговор против него (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека е време неговите политички непријатели да одговараат, обвинувајќи го бившиот претседател Барак Обама за предавство.

    Тој рече дека ја ослободил Хилари Клинтон од одговорност откако бил избран за претседател првиот пат и ги обвини Обама, некогашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми и други високи функционери за нелегален заговор против него.

    По она што ми го направија, без разлика дали е правилно или погрешно, време е да се тргне по нив“, кажа Трамп при посетата на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос на Белата куќа.

    Тој повтори лажни тврдења и долгогодишни поплаки за истрагата за Русија и за неговиот пораз од Бајден на изборите.

    Водачот на бандата беше претседателот Обама. Тој е виновен. Тоа беше предавство“, рече Трамп.

    Тој му се нафрли на Обама откако новинарите го прашаа за можноста затворената бивша соработничка на педофилот Џефри Епстајн, Гилејн Максвел, да добие специјална дозвола за сведочи во американскиот Конгрес.

    Не знам ништо за тоа, но мислам дека е соодветно да се направи. Не го следам многу тој случај, но ми изгледа како лов на вештерки. Место за тоа, треба да разговараме за тоа како Обама ги оркестрирал проценките на разузнавачката заедница дека Русија се мешала во изборите во 2016“, кажа Трамп, практички обвинувајќи го својот претходник за мешање во изборите.

    Неговата влада се наоѓа под засилен притисок да ги објави преостанатите документи за Епстајн, а во решавањето на целиот случај би можела да биде вклучена и Максвел, која служи 20-годишна затворска казна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира