Доналд Трамп го отпушти министерот за одбрана Марк Еспер, само два дена откако стана јасно дека нема да освои уште еден претседателски мандат. Тој кажа дека нов шеф на Пентагон ќе биде Кристофер Милер, актуелниот директор на Националниот центар за противтероризам.
„Крис одлично ќе си ја врши работата! Раскинавме со Марк Еспер! Му благодарам за неговата служба“, напиша Трамп на Твитер.
Еспер беше на функцијата помалку од две години, а односите со Трамп му се влошија летоска, откако ги преименуваше воените бази крстени според конфедерациските лидери од Граѓанската војна. Трамп се спротивстави на овој потег, но Еспер успеа да го спроведе преку Конгресот.