ТРАМП ГО ПРОСЛАВИ 79. РОДЕНДЕН СО ГОЛЕМА ВОЕНА ПАРАДА ВО ВАШИНГТОН, ДОДЕКА НИЗ САД СЕ ОДРЖУВАА СТОТИЦИ ПРОТЕСТИ

    ТРАМП ГО ПРОСЛАВИ 79. РОДЕНДЕН СО ГОЛЕМА ВОЕНА ПАРАДА ВО ВАШИНГТОН, ДОДЕКА НИЗ САД СЕ ОДРЖУВАА СТОТИЦИ ПРОТЕСТИПретходно беше проценето дека парадата ќе чини меѓу 25 и 45 милиони долари (Фото: АП)

    Доналд Трамп си ја оствари желбата за голема воена парада откако речиси 7.000 војници, над 100 тенкови и роботски кучиња парадираа по улиците на Вашингтон, за да се одбележат 250 години од основањето на американската војска. Парадата се совпадна со 79. роденден на Трамп, кој ја следеше од специјално поставена трибина близу Белата куќа.

    Секоја земја ги слави своите победи. Време е и Америка да го прави тоа. Американските војници се борат, борат, борат и победуваат, победуваат и победуваат, никогаш не се предаваат“, кажа Трамп.

    Во парадата учествуваа и воени падобранци, авиони и дронови, а неколку часа пред да почне, низ САД се одржаа протести против политиките на Трамп, организирани од група наречена „Нема кралеви“. Тие кажаа дека протести имало во стотици градови, на кои дошле милиони луѓе. Трамп претходно се закани дека секакви протести на парадата ќе бидат спречени со „жестока сила“.

    Првата воена парада во САД од 1991 почна порано од планираното поради најавеното невреме во областа на Вашингтон. Илјадници луѓе беа наредени долж Авенијата на уставот, каде што поминуваа војници, оклопни возила и артилериски оружја. Претходно беше проценето дека парадата ќе чини меѓу 25 и 45 милиони долари.

    За тоа време и во Вашингтон се протестираше против Трамп, при што неговата парада беше опишана како фашистичка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира