ТРАМП ГО ТУЖИ БИ-БИ-СИ ЗА 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА МОНТИРАН ГОВОР ОД 2021

    ТРАМП ГО ТУЖИ БИ-БИ-СИ ЗА 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА МОНТИРАН ГОВОР ОД 2021ТВ-куќата минатиот месец му се извини на Трамп за монтирањето на говорот, но ги отфрли тврдењата за клевета (Фото: АП)

    Доналд Трамп поднесе тужба против Би-Би-Си, во која бара отштета од 10 милијарди долари, обвинувајќи го за клевета и измамнички и неправични трговски практики.

    Тужбата од 33 страници го обвинува Би-Би-Си за емитување „лажен, клеветнички, измамнички, омаловажувачки, провокативен и злонамерен приказ на претседателот Трамп“, нарекувајќи го тоа „дрзок обид за мешање и влијание врз претседателските избори во САД во 2024.

    Би-Би-Си се обвинува дека споил два сосема одвоени дела од неговиот говор на 6 јануари 2021, со цел „намерно погрешно да го претстави значењето на она што го кажал Трамп“.

    Тужбата поднесена во суд во Флорида бара пет милијарди долари отштета за клевета и пет милијарди долари за нефер трговски практики. Би-Би-Си соопшти дека ќе се брани во случајот.

    Телевизиската куќа минатиот месец му се извини на Трамп за монтирањето на говорот, но ги отфрли тврдењата за клевета. Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви и извршната шефица на вестите Дебора Тарнес поднесоа оставки во почетокот на ноември.

    Би-Би-Си го емитуваше документарецот „Трамп: Втора шанса?“ неколку дена пред претседателските избори во САД во 2024. Филмот спои три цитати од два дела од говорот во 2021 година, кажани со разлика од речиси еден час, во она што се чинеше дека е еден цитат, во кој Трамп ги повика поддржувачите да маршираат со него и „пеколно да се борат“. Меѓу исечените делови бил и дел каде што Трамп вели дека сака тие мирно да демонстрираат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира