ТРАМП ЈА ИЗЕДЕ ФОН ДЕР ЛАЈЕН ЗА ПОЈАДОК, КАЖА ОРБАН ЗА ТРГОВСКИОТ ДОГОВОР САД-ЕУ

    ТРАМП ЈА ИЗЕДЕ ФОН ДЕР ЛАЈЕН ЗА ПОЈАДОК, КАЖА ОРБАН ЗА ТРГОВСКИОТ ДОГОВОР САД-ЕУОрбан кажа дека Трамп е тешка категорија кога станува збор за преговори (Фото: АП)

    Виктор Орбан го критикуваше трговскиот договор помеѓу САД и ЕУ, што беше објавен вчера и кажа дека е полош од оној што Доналд Трамп го постигна со Велика Британија. Според договорот, увозот од ЕУ ќе се царини со 15%, двојно помалку од претходните најави на Трамп. САД и Велика Британија претходно договорија царина од 10%.

    „Ова не е договор. Претседателот Трамп не склучи договор со Урсула фон дер Лајен, Трамп ја изеде Фон дер Лајен за појадок. Ете, тоа се случи“, изјави унгарскиот премиер.

    Тој потоа продолжи да ја исмева претседателката на Европската комисија.

    „Очекувавме ова да се случи. Трамп е тешка категорија кога станува збор за преговори, а госпоѓа претседателка е лесна категорија. Таа ја ослабна преговарачката позиција на Европската Унија. Ова тешко може да се нарече успех“, рече Орбан.

    Како дел од договорот, ЕУ се согласи да инвестира 600 милијарди долари во САД и да купи американски енергенси во вредност од 750 милијарди долари. Нејасно е како ова ќе биде структурирано.

    „Кој ќе го направи тоа? Европската комисија не располага со капитал за вложување. Во чие име таа се согласи со ова?“, кажа Орбан.

    Покрај него, договорот беше критикуван и од францускиот премиер Франсоа Бајру и германските бизнис лидери.

    „Европа ѝ се покори на Америка, ова е црн ден за Унијата“, кажа Бајру.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира