ТРАМП ЈА НАПАДНА БРИТАНИЈА ДЕКА САКА ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ВОЈНАТА ПРОТИВ ИРАН ОТКАКО САД ВЕЌЕ ПОБЕДИЛЕ

    ТРАМП ЈА НАПАДНА БРИТАНИЈА ДЕКА САКА ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ВОЈНАТА ПРОТИВ ИРАН ОТКАКО САД ВЕЌЕ ПОБЕДИЛЕТрамп ги пречека телата на американските војници кои загинаа во Кувајт (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека на САД не им треба помош од Велика Британија за да победат во војната со Иран, откако Лондон најави дека би можел да испрати носачи на авиони на Блиски Исток.

    Ова е последниот судир помеѓу двата воени сојузника откако Трамп постојано го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер за неговото првично одбиваање да им помогне на САД во војната. Трамп го обвини Стармер дека успеал да уништи историски блиски односи помеѓу двете земји така што во прв момент не им дозволи на САД да ги користат британските воени бази за акции против Иран.

    Ќе по запомнам недостатокот на британска поддршка за време на војната со Иран. Обединетото Кралство, нашиот некогашен голем сојузник и можеби најголем од сите, конечно сериозно размислува за испраќање на два носача на авиони на Блиски Исток. Во ред е премиере Стармер, повеќе не ни се потребни. Не ни требаат луѓе кои се приклучуваат на војни откако веќе сме победиле“, кажа Трамп.
    Ова уследи откако британското министерство за одбрана соопшти дека го подготвува носачот на авиони „Принц од Велс“ за евентуално распоредување на Блиски Исток, за што засега не е донесена конечна одлука.

    Малку е доцна да се праќаат бродови, нели?“, рече Трамп за ова.

    Стармер ја бранеше својата одлука да не им дозволи на американските сили да ги користат британските бази за поддршка на првичните напади врз Иран, велејќи дека сака да се увери дека секоја воена акција е легална и добро испланирана. Подоцна даде зелено светло за користење на британските бази за она што го нарече одбранбени напади против ирански складишта и лансери на ракети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира