ТРАМП ЈА ПАУЗИРА ОПЕРАЦИЈАТА „ПРОЕКТ СЛОБОДА“ ЗА ПОМОШ НА ЗАГЛАВЕНИТЕ БРОДОВИ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ

    ТРАМП ЈА ПАУЗИРА ОПЕРАЦИЈАТА „ПРОЕКТ СЛОБОДА“ ЗА ПОМОШ НА ЗАГЛАВЕНИТЕ БРОДОВИ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦТрамп ја најави операцијата во Ормускиот Теснец пред два дена, што го загрози кревкото примирје (Фото: АП)

    Доналд Трамп објави дека ја паузира операцијата „Проект слобода“ за помош на заглавените бродови во Ормускиот Теснец, велејќи дека бил постигнат голем напредок кон сеопшт договор со Иран.

    Заемно се согласивме дека, иако блокадата ќе остане во полна сила и ефект, ‘Проектот слобода‘ ќе биде паузиран на краток временски период, за да се види дали договор може да се финализира и потпише“, напиша Трамп на социјалните медиуми.

    Досега немаше директна реакција од Техеран на ваквото тврдење од Трамп. Кратко по неговата објава, цената на американската сурова нафта падна за 2,30 долари, на под 100 долари за барел.

    Трамп ја најави операцијата во Ормускиот Теснец пред два дена, што дополнително ги засили тензиите со Иран и го загрози кревкото примирје. Американската војска потоа кажа дека два нејзини разурнувачи влегле во Персискиот Залив и дека два американски трговски брода го поминале Теснецот, што беше демантирано од Иран.

    Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вчера нагласи дека четиринеделното примирје не е прекинато, иако претходно САД нападнаа ирански бротчиња во Заливот, а Иран изведе воздушен напад врз Обединетите Арапски Емирати. Тој тврдеше дека САД успешно обезбедиле пат низ Теснецот и дека стотици комерцијални бродови чекаат да поминат.

    Американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека САД ги постигнале целите на својата воена кампања почната на 28 февруари и дека офанзивниот дел е завршен.

    Опеарцијата ‘Епски бес‘ е завршена. Не навиваме за појава на дополнителна ситуација“, рече Рубио.

    Една од главните цели на воената акција на САД беше да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје. Сепак, Иран досега не ги предал своите повеќе од 400 килограми високо збогатен ураниум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира