ТРАМП ЈА ПРЕТСТАВИ КОАЛИЦИЈАТА „ШТИТОТ НА АМЕРИКА“ ЗА БОРБА ПРОТИВ НАРКОКАРТЕЛИ

    ТРАМП ЈА ПРЕТСТАВИ КОАЛИЦИЈАТА „ШТИТОТ НА АМЕРИКА“ ЗА БОРБА ПРОТИВ НАРКОКАРТЕЛИТрамп ги собра лидерите од 12 држави на самитот во Мајами (Фото: АП)

    Среде војната со Иран, Доналд Трамп за момент го сврте вниманието кон западната хемисфера, свикувајќи самит на латиноамериканските лидери во Мајами, на кој беше востановена нова коалиција против наркокартели.

    Како што формиравме коалиција која го искорени ИСИС, сега ни треба коалиција која ќе ги искорени наркокартелите. Мора да признаеме дека епицентарот на картелското насилство е Мексико, каде што картелите поттикнуваат и оркестрираат голем дел од крвопролевањето и хаосот на оваа хемисфера“, рече Трамп.

    Белата куќа објави дека новата коалиција ќе се вика „Штитот на Америка“, а американска специјална пратеничка ќе биде Кристи Ноем, довчерашната министерка за внатрешна безбедност.

    Ова е замислено како група која работи заедно за да ги одбраниме сопствениот суверенитет, сопствената безбедност и економскиот просперитет. Организацијата ќе биде моќен пример за остатокот од светот за тоа што е можно“, кажа Ноем.

    Трамп ги собра лидерите од Аргентина, Боливија, Чиле, Костарика, Доминиканска Република, Еквадор, Ел Салвадор, Гвајана, Хондурас, Панама, Парагвај и Тринидад и Тобаго, само два месеца по американската воена операција во која беше заробен претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

    Пред помалку од две недели, американските власти обезбедија разузнавачка помош за рацијата во Мексико, во која беше убиен Немесио Осегуера Сервантес познат како Ел Менчо, водачот на картелот Халиско Нова генерација и еден од најбараните трговци со дрога во светот.

    Според резолуцијата потпишана од 17 држави, од кои некои не дојдоа на самитот, американската војска ќе смее да употреби смртоносна сила за да напаѓа картели и терористички мрежи во Латинска Америка.

    Ни треба ваша помош. Само треба да ни кажете каде се“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира