ТРАМП ЈА ПРОДОЛЖУВА КАМПАЊАТА ВО ГРАДОТ ПОЗНАТ ПО ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ МАСАКРИ НА АФРОАМЕРИКАНЦИ

    ТРАМП ЈА ПРОДОЛЖУВА КАМПАЊАТА ВО ГРАДОТ ПОЗНАТ ПО ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ МАСАКРИ НА АФРОАМЕРИКАНЦИТрамп ќе го одржи митингот на 19 јуни, кога се слави крајот на ропството во САД (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп се соочи со жестоки критики откако најави дека својата предизборна кампања ќе ја продолжи на празникот Ден на слободата, со кој се одбележува крајот на ропството во САД, и тоа во градот познат по еден од најголемите расистички масакри.

    Откако се смирија протестите низ САД иницирани од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, Трамп објави дека на 19 јуни ќе одржи митинг во Тулса, Оклахома, прв по три месеци пауза, нагласувајќи дека Републиканската партија е горда на својата победничка улога во Граѓанската војна и во ставањето крај на ропството во САД.

    Кампањата на Трамп побара од оние што ќе присуствуваат да пополнат формулар со кој ќе потврдат дека нема да ја тужат доколку на митингот се заразат со коронавирус.

    Сенаторката Камала Харис ја нападна одлуката на Трамп да го одржи првиот митинг на 19 јуни во Тулса.

    „Тој не само што им намигнува на поддржувачите на белата надмоќност, туку и им прави забава за добредојде дома“, кажа Харис.

    Во мај и јуни 1921 година, толпа белци нападна просперитетно афроамериканско маало Гринвуд со оружје и експлозив, убивајќи околу 300 луѓе и уништувајќи 1.000 домови и бизниси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира