ТРАМП КАЖА ДЕКА ДОГОВОРИЛ ПРИМИРЈЕ ПОМЕЃУ ТАЈЛАНД И КАМБОЏА, НО БОРБИТЕ ПРОДОЛЖИЈА

    ТРАМП КАЖА ДЕКА ДОГОВОРИЛ ПРИМИРЈЕ ПОМЕЃУ ТАЈЛАНД И КАМБОЏА, НО БОРБИТЕ ПРОДОЛЖИЈАОткако почнаа судирите во четвртокот загинале најмалку 33 војници и цивили (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека им се јавил на лидерите на Тајланд и Камбоџа за да ги притисне да прифатат прекин на огнот по неколкудневните погранични борби.

    Двете земји се согласија да се сретнат и да работат на постигнување прекин на огнот и мир“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Двете држави му се заблагодарија на Трамп за неговите напори и загриженост. Камбоџа кажа дека го прифатила предлогот, додека Тајланд нагласил дека има потреба од разговор помеѓу двете земји. Сепак, по телефонските повици на Трамп, гранатирањето долж границата продолжило ноќеска.

    Камбоџа веќе предложи прекин на огнот. Нејзината војска е послаба и губи воена опрема поради тајландските бомбардирања и воздушни удари.

    Откако почнаа судирите во четвртокот загинале најмалку 33 војници и цивили, а илјадници луѓе од двете страни биле раселени.

    Нејасно е како Трамп се вмешал во решавањето на конфликтот откако тајландскиот министер за надворешни работи Марис Сангијампонгса кажа дека нема потреба од посредување на трета страна.

    Двете земји меѓусебно се обвинуваат за почетокот на престрелките. Нивниот граничен спор е стар повеќе од 100 години и низ годините имало спорадични судири.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира