ТРАМП ЌЕ ДОБИЕ ВОЕНА ПАРАДА ЗА СВОЈОТ 79. РОДЕНДЕН, ЌЕ УЧЕСТВУВААТ 6.600 ВОЈНИЦИ

    ТРАМП ЌЕ ДОБИЕ ВОЕНА ПАРАДА ЗА СВОЈОТ 79. РОДЕНДЕН, ЌЕ УЧЕСТВУВААТ 6.600 ВОЈНИЦИТрамп имаше идеја за воена парада и во својот прв мандат (Фото: АП)

    Белата куќа потврди дека на 14 јуни ќе се одржи голема воена парада за да се одбележи 250-годишнината на американската војска, што, пак, ќе се совпадне со роденденот на Доналд Трамп. Целодневниот фестивал ќе се одржи во Вашингтон, а ќе учествуваат 6.600 војници, 150 армиски возила и 50 летала.

    Трамп имаше идеја за воена парада и во својот прв мандат, но се откажа по извештаите дека би чинела 90 милиони долари. Американската војска кажа дека воената парада веќе се планира активно и ги истражува опциите како таа да се направи уште поголема. Трамп тој ден ќе наполни 79 години.

    Тој вчера го преименуваше празникот Ден на ветераните во Ден на победата во Првата светска војна и кажа дека планира да го преименува Денот на победата во Европа на 8 мај во Денот на победата во Втората светска војна.

    Многу од нашите сојузници и пријатели го слават 8 мај како Ден на победата, но ние направивме повеќе од која било друга земја во правењето победнички резултат во Втората светска војна. Ги добивме двете војни, никој не ни беше близок по сила, храброст или воен сјај, но никогаш ништо не славиме. Тоа е затоа што веќе немаме лидери кои знаат како да го направат тоа. Значи, повторно ќе почнеме да ги славиме нашите победи“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Според Националниот музеј на Втората светска војна во Њу Орлеанс, во оваа војна загинале околу 418.500 Американци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира