ТРАМП ЌЕ ГИ ОБЈАВИ ПЛАНОВИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА АМЕРИКАНСКИОТ ПРОТИВРАКЕТЕН ШТИТ ЗЛАТНА КУПОЛА

    ТРАМП ЌЕ ГИ ОБЈАВИ ПЛАНОВИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА АМЕРИКАНСКИОТ ПРОТИВРАКЕТЕН ШТИТ ЗЛАТНА КУПОЛАСе проценува дека Златната купола ќе чини десетици милијарди долари (Фото: АП)

    Доналд Трамп денеска ќе ги објави плановите за изградба на амбициозниот одбранбен противракетен штит Златна купола, изјави еден американски функционер. Трамп ќе се обрати вечерва од Белата куќа заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет.

    Се очекува за лидер на проектот да биде назначен генералот Мајкл Гетлин, заменик-шефот на вселенските операции во американските вселенски сили.

    Се проценува дека Златната купола ќе чини десетици милијарди долари и дека ќе бидат потребни неколку години за негова изградба, поради што овој контроверзен проект би можел да се соочи со политички и финансиски пречки.

    Овој проект, за кој Трамп потпиша извршна наредба во јануари, често се споредува со моќниот израелски противоздушен систем Железна купола, што првпат влезе во функција во 2011.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира