ТРАМП ЌЕ ГО ПРОГЛАСИ ДВИЖЕЊЕТО АНТИФА ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

    ТРАМП ЌЕ ГО ПРОГЛАСИ ДВИЖЕЊЕТО АНТИФА ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈАКритичарите сметаат дека Трамп го користи атентатот врз Кирк како изговор за пресметка со политичките противници (Фото: Гети)

    Доналд Трамп најави акција против левичарските групи по убиството на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк, при што планира да го прогласи антифашистичкото движење Антифа за терористичка организација.

    Ќе го означам движењето како терористичка организација. Исто така, ќе препорачам темелно да се истражат оние кои ја финансираат Антифа во согласност со највисоките законски стандарди и практики“, напиша Трамп.

    Нејасно е каква правна тежина може да има прогласот на Трамп. Антифа е лабаво организирано идеолошко движење без јасна лидерска структура или хиерархија, велат експертите.

    За убиството на Кирк е обвинет 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој не бил регистриран во ниедна политичка партија и не е познато дека имал врски со некоја група. Тој им се доверил на своите блиски дека веќе не можел да ја поднесе омразата што ја ширел Кирк, кажаа властите.

    Трамп и други високи функционери постојано ги обвинуваат левичарските групи за создавање атмосфера на непријателство кон конзервативците пред атентатот врз Кирк. Белата куќа подготвува извршна наредба за политичко насилство и говор на омраза, изјавија вчера од владата на Трамп.

    Критичарите сметаат дека Трамп го користи атентатот врз Кирк како изговор за пресметка со политичките противници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира