ТРАМП ЌЕ ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА МИГРАНТИ ВО ФЛОРИДА ОКРУЖЕН СО АЛИГАТОРИ И ПИТОНИ

    ТРАМП ЌЕ ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА МИГРАНТИ ВО ФЛОРИДА ОКРУЖЕН СО АЛИГАТОРИ И ПИТОНИ„Алигаторски Алкатраз“ е сместен среде огромно суптропско мочуриште (Фото: АП)

    Доналд Трамп утре треба да присуствува на отворањето на новиот центар за притвор на мигранти во јужна Флорида наречен „Алигаторски Алкатраз“. Центарот го доби името по неговата зафрлена локација во Еверглејдс, огромно суптропско мочуриште полно со алигатори, крокодили и питони, за кои локални функционери кажаа дека ќе бидат природна бариера, па обезбедувањето ќе биде минимално.

    Не требаат големи инвестиции во еден таков центар, тој ќе се состои од лесна инфраструктура, како шатори. А, ако луѓето излезат надвор, ќе ги чекаат алигатори и крокодили. Никој нема да може да избега“, изјави јавниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер.

    Управувањето со новиот центар ќе ја чини Флорида 450 милиони долари годишно. Тој ќе почне да прима жители во првата недела на јули.

    Центарот е дел од напорите на владата на Трамп да ги засили притворањето и депортирањето на мигрантите, велејќи дека мерката била потребна откако милиони луѓе нелегално ја преминале границата во времето на Џо Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира