ТРАМП МУ ДАЛ УЛТИМАТУМ НА МАДУРО ДА ЈА ПРЕДАДЕ ВЛАСТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА, ОБЈАВИЈА АМЕРИКАНСКИТЕ МЕДИУМИ

    ТРАМП МУ ДАЛ УЛТИМАТУМ НА МАДУРО ДА ЈА ПРЕДАДЕ ВЛАСТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА, ОБЈАВИЈА АМЕРИКАНСКИТЕ МЕДИУМИТрамп потврди дека имал телефонски разговор со Мадуро (Фото: АП)

    Доналд Трамп наводно му дал ултиматум на Николас Мадуро да ја предаде власта, што венецуелскиот претседател го одбил, барајќи глобална амнестија за себеси и своите соработници. Трамп во неделата потврди дека телефонски разговарал со Мадуро, без да изнесе детали.

    Нема да кажам дали поминал добро или лошо, тоа беше телефонски разговор“, кратко кажа Трамп.

    И од американската и од венецуелската влада не кажаа ништо повеќе за повикот, што наводно се случил на 21 ноември и бил договорен со посредство на Турција, Катар и Бразил. Сепак, добро упатени извори изјавија за „Мајами хералд“ дека Трамп му испратил јасна порака на Мадуро, кој се наоѓа под повеќемесечен притисок од САД.

    Можеш да се спасиш себеси и оние најблиски до тебе, но мора да ја напуштиш земјата сега“, наводно рекол Трамп, нудејќи безбеден премин за Мадуро и неговите сопруга и син „ако се согласи веднаш да поднесе оставка“.

    Мадуро го одбил ова и наводно побарал меѓународна амнестија од прогон и понудил да ја предаде политичката контрола во земјата, но да ја задржи контролата врз вооружените сили. Весникот објави дека немало други контакти помеѓу двајцата претседатели.

    САД со месеци напаѓаат бродови кои наводно превезуваат дрога, а американската војска го зголеми своето присуство во Карибите. Трамп притоа дозволи тајни операции на ЦИА во Венецуела и најави дека САД многу скоро ќе почнат копнени операции во земјата за да се сопрат венецуелските наркокартели. Во саботата, Трамп кажа дека воздушниот простор над и околу Венецуела може да се смета за затворен.

    Венецуела не сака ропски мир. Сакаме мир, но мир со суверенитет, еднаквост и слобода. Не сакаме мир на колонија“, рече Мадуро на митинг во Каракас вчера.

    И покрај тврдењето дека Трамп му дал ултиматум на Мадуро, многу набљудувачи се скептични дека тој има намера да ги оствари своите закани со воена акција од големи размери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира